Урнебесно: Гладен слон влезе во продавница по храна и почна да „краде“ од полиците/ВИДЕО

204
Foto: Printscreen/X

Неверојатниот кадар е снимен од надзорните камери во продавница во градот Пак Чонг, северно од Бангкок, околу 3 часот наутро.

Продавниците биле запрепастени кога див слон ноншалантно влегол во продавницата и почнал да пребарува по полиците со сурлата.

Надреална сцена
Шокираните минувачи ја гледаа надреалната сцена додека главата на монструозното суштество го допре таванот. Тоа гладно се нафрли врз изложените грицки, а потоа проголта голема количина крцкави оризови крекери и јајца.

Откако го задоволи гладот, слонот полека ја напушти продавницата и тргна кон блискиот Национален парк Као Јаи, објавува „Њујорк пост“.

Не е прв пат
Локалните медиуми објавија дека слонот, претходно наречен Плаи Бјанг Лек, често го напушта подрачјето на природниот парк во потрага по ручек.

„Мештаните се навикнати да го гледаат во близина на споменатата продавница, но никогаш не се обидел да влезе. Овој пат, сепак, Плаи Бјанг Лек ги изненади сите, вклучително и сопственикот“, се вели во извештајот.

Дивиот слон претходно „ограбил“ ресторан во 2023 година додека сопствениците спиеле.

ИЗДВОЕНИ