По многу маки и преписки со тренерот Стив Кер, Џонатан Камингс го напушти Голден стејт. Тој беше продаден во Атланта, во замена за Кристапс Порзингис.
Сега, новинарот Ентони Слејтер објасни дека проблемот бил во тоа што Стив Кер гледал во Камингс играч како Шон Мерион или Арон Гордон, но Конгоанецот сакал да биде прва ѕвезда на тимот.
– Како што се развиваше кариерата така Камингс чувствувал дека покажал доволно за да добие поголема самодоверба и повеќе топка во рацете. Ништо од тоа не се случи и сфати дека Стив Кер и Мајк Данливи го гледаа само како некој што трча брзо и скока високо, а не како лидер – напиша Ентони Слејтер.
Најинтересниот коментар за ова го даде Еван Тарнер. Поранешниот кошаркар на Чикаго играше за Филаделфија, Индијана, Бостон, Портланд и за Атланта, а во својата најдобра сезона во кариерата имаше 17,4 поени на натпревар.
– Се сеќавам дека мојот тренер еднаш ми кажа дека ме гледа како Ричард Џеферсон и тогаш сфатив како се чувствувал Латрел Спревел. Би ја заменил мојата кариера со онаа што ја имаше Ричард Џеферсон, нема сомнение во тоа. Само што во тоа време мислев дека сум Коби Брајант – рече искрено Тарнер.











