недела, март 1, 2026
Дома СКОПСКА Урната нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало

Урната нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало

295

Општина Центар ја урнала нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“, која подолго време ги блокирала тротоарот и дел од коловозот во Дебар Маало.

Од Општината информираат дека по повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата излегле на терен и ја отстраниле бесправно поставената конструкција што ги попречувала нормалното движење на пешаците и сообраќајот.

– Нема да дозволиме узурпирање јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности, ќе издадеме решение за негово отстранување – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој додаде дека е во тек обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставените објекти.

– Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во Општината – информира Герасимовски.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата.

ИЗДВОЕНИ