Урната дивоградба во Јурумлери 

423

На улицата „9“ во населеното место Јурумлери е отстранета дивоградба по постапување на инспекцијата на Општина Гази Баба и по донесено решение за уривање.

– Сопственикот постапи по решението и сам ја отстрани дивоградбата. Ставаме ред и почитување на Законот за градење. Инспекциските служби континуирано се на терен и постапуваат таму каде што има неправилности. Нема да дозволиме диво градење и непочитување на прописите – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој апелираше до сите граѓани да го почитуваат Законот за градење, бидејќи, како што кажа, само така може да се гради безбедна и уредена општина.

– Овозможуваме младите до 35 години да градат без плаќање комуналии – нова мерка што веќе започна и е во интерес на иднината – нагласи Стефковски.

 

ИЗДВОЕНИ