Ураганот Ерин повторно достигна категорија 4, со ветрови до 210 км/ч со дијаметар од околу 370 км, соопшти Националниот центар за урагани во неделата вечерта.
Бурата се наоѓала на помалку од 1.600 километри југоисточно од Кејп Хатерас, Северна Каролина, и продолжила да се движи кон северозапад, пренесе CNN.
Иако не се очекува ураганот директно да го погоди копното на САД, метеоролозите предупредуваат дека силните потреси ќе претставуваат сериозна закана. Според прогнозите, тие ќе почнат да ги загрозуваат јужните плажи уште во понеделник, а потоа и североисточниот брег во текот на неделата. Експертите особено истакнуваат дека опасните струи ќе се појават пред да станат видливи високите бранови, па затоа на капачите им се препорачува да бидат исклучително внимателни.
Apparently the Puerto Rican frogs are big fans of Hurricane #Erin 🐸🌀
The coqui frogs were having a LOUD discussion yesterday as Erin's outer bands were lashing the island with rain and wind.
It's also possible they didn't like Erin but we don't speak frog… #PRwx pic.twitter.com/Dj0ZU0KC0b
— WeatherNation (@WeatherNation) August 17, 2025
Поради сериозноста на ситуацијата, округот Дер, Северна Каролина, прогласи вонредна состојба и нареди задолжителна евакуација на островот Хатерас. „Поплави од крајбрежјето и прелевање на океанот се очекуваат уште во вторник, 19 август, и ќе продолжат до четврток, 21 август. Делови од автопатот 12 на Северна Каролина на островот Хатерас може да бидат непроодни неколку дена“, се вели во соопштението на локалните власти.
Надворешните рабови на бурата веќе носат обилни врнежи од дожд во Порторико, каде што се очекуваат дополнителни 50 до 100 милиметри дожд до понеделник. Околу 100.000 луѓе останаа без електрична енергија. До 150 милиметри дожд се прогнозираат и за островите Туркс и Кајкос и источните Бахами, каде што се на сила предупредувања за тропски бури и ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето.