
Ураганот „Мелиса“ штотуку стигна до копното на југозападниот брег на Јамајка, со ветрови до 300 км/ч – што ја прави најсилната бура досега регистрирана што ја погодила земјата.
Во следните неколку часа, ураганот ќе ја опустоши Јамајка пред да се продолжи да се движи кон источниот брег на Куба, каде што се очекува постепено да ослабне. Три лица загинаа порано денес.
„Националниот центар за урагани на САД“ предупредува дека делови од островот би можеле да добијат до 1.000 милиметри дожд, заедно со „опасни по живот“ бранови и зголемување на нивото на морето.
„Црвениот крст“ проценува дека до 1,5 милиони луѓе би можеле да бидат директно погодени.
Со ветрови до 282 км/ч, ураганот Мелиса е бура од категорија 5 (највисоката можна).
Премиерот на Јамајка вели дека регионот нема инфраструктура за да издржи ураган од категорија 5.
Со сегашната сила, тоа би бил најмоќниот ураган што ја погодил Јамајка откако започнале официјалните мерења во 1851 година, објави „Си-би-ес“.











