Ураганот „Мелиса“ остави пустош на Јамајка: Лизгање на земјиштето во југозападниот дел од земјата, стотици илјади луѓе останаа без струја

80
epa12488139 Rocks on a road caused by Hurricane Melissa in Kingston, Jamaica, 28 October 2025. Hurricane Melissa made landfall in Jamaica with maximum sustained winds of nearly 295 kilometers per hour (185 miles per hour), torrential rains, and storm surges that threaten to cause flooding and damage. EPA/Rudolph Brown

Ураганот „Мелиса“ стигна до копното на Јамајка, карипски остров во Централна Америка, носејќи „опасен по живот“ бран од бура, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC).

Во југозападниот дел од земјата се предизвикани лизгања на земјиштето, а на жителите им се советува да останат во засолништа, бидејќи „ветровите ќе продолжат да се засилуваат“.

Ветровите дуваа со брзина од речиси 300 километри на час во вторник, што ја прави бурата ураган од категорија 5, додаде „Националниот центар за урагани на САД“.

Околу 240.000 домови и бизниси досега останаа без струја, или околу една третина од вкупните потрошувачи на Јамајка, рече министерот за енергетика Дарил Вас.

Југот на земјата во моментов е „неверојано тежок“, рече Ребека Ален, жителка на Саутфилд.

„Многу нешта летаат насекаде, ветерот е неверојатен“, рече таа, додавајќи дека се подготвила за бурата најдобро што можела.

„Мојата област беше опустошена минатата година за време на ураганот „Берил“, но ова е полошо од сè што сме доживеале досега“, објаснува тaa.

На островот има околу 6.000 засолништа достапни, а жителите во областите околу градовите Сент Елизабет и Вестморленд имаат приоритетна евакуација, рече Дезмонд Мекензи, министер за локална самоуправа.

„Ова не е време за храброст, не се коцкајте со „Мелиса“ – тоа е облог што не можете да го добиете“, рече тој.

Повеќето болници сè уште имаат струја, освен оние во Манчестер и Сент Елизабет, градови во погодените области кои користат генератори како резервна енергија, соопшти Министерството за енергетика.

Околу една четвртина од корисниците на мобилни телефони немаат телефонски сигнал, „главно поради прекини на електричната енергија“, додаде министерот Вас.

Главниот град Кингстон, кој не беше најтешко погоден од ураганот, исто така доживува силни ветрови и прекини во електричната енергија, а разни згради во градот се оштетени.

Иако „Националниот центар за урагани на САД“  вели дека брзината на ветерот се намалува, предупредува на „катастрофални ветрови, брзи поплави и бури“.

Веројатни се дополнителни лизгања на земјиштето, што би можело да доведе до „целосно уривање на зградите“, предупредува.

Исто така, издаде предупредување до населението на Бахамите и Куба, блиски островски земји, да преземат мерки на претпазливост што е можно поскоро.

ИЗДВОЕНИ