Уникатна изложба за загрозениот Балкански рис

27

Во Инфо-центарот при Националниот парк „Маврово“ до 19 септември е отворена уникатна изложба посветена на еден од најретките и најзагрозени животински видови во Европа – Балканскиот рис.

– Поставката претставува колекција од внимателно одбрани фотографии направени со фотозамки поставени низ цела Македонија во соработка со Македонското еколошко друштво, а најголемиот дел од нив потекнуваат токму од територијата на Националниот парк Маврово – срцето на живеалиштето на овој предатор. Преку фотографиите, посетителите ќе имаат ретка можност да го почувствуваат тајниот свет на рисот. Изложбата има за цел да ја поттикне јавната свест за значењето на заштитата на Балканскиот рис и богатата биодиверзитетна вредност што ја поседува нашиот парк – велат од НП „Маврово“.

ИЗДВОЕНИ