Ноември носи неколку уникатни и воодушевувачки астрономски феномени кои ќе нè остават сите без здив. Љубителите на ѕвездите ќе имаат посебна причина за радост.
Метеорскиот дожд Леониди ќе го достигне својот врв ноќта помеѓу 16 и 17 ноември, а условите за набљудување ќе бидат исклучително поволни.
Врвот се совпаѓа со фазата на младата Месечина, која изгрева непосредно пред зори, околу 5:30 часот по локално време. Ова значи дека небото ќе биде темно поголемиот дел од ноќта, што е идеално за набљудување на овој феномен.
Леонидите се познати како брзи метеори, а многу од нив оставаат зад себе сјајни, постојани траги кои се задржуваат на небото неколку моменти откако метеорот ќе изгори, пишува Астрономски магазин.
Метеорите се именувани по соѕвездието Лав, и се чини дека доаѓаат од област позната како „лавовска глава“, астеризам наречен срп поради неговата форма.
Овие метеори некогаш биле дел од опашката на кометата 55P/Tempel-Tuttle, а сега облакот од честички прашина произведува околу 15 светли метеори на час. Овие брзи метеори влегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од околу 70 километри на час и оставаат вистински, светли траги кои остануваат видливи во воздухот долго време, пишува Guardian.
Иако Леонидите се способни за спектакуларни метеорски дождови, со стотици или илјадници метеори на час, овој пат нема прогноза за толку моќен испад.
Тие најдобро се гледаат од темни места надвор од градот – планини, висорамнини или села подалеку од светлосно загадување.
Под идеални услови, може да се видат 15 метеори на час, а повремено и посветли огнени траги кои остануваат видливи на небото неколку секунди.
Изберете место и бидете трпеливи бидејќи ова ѕвездено шоу ќе трае до зори.
И не заборавајте да си замислите желба!












