
Последиците од климатските промени веќе натераа милиони луѓе низ светот да ги напуштат своите домови, пишува во последниот извештај кој го објави Агенцијата на ОН за бегалците во пресрет на 30. годишната Конференција на ОН за климатските промени која почнува денеска во Бразил, пренесе „Бета“.
Извештајот предупредува дека климатсите шокови ја подриваат можноста за обнова, ги зголемуваат хуманитарните потреби и ги зголемуваат ризиците од повторно раселување.
„Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови предизвикаа интерни раселувања на 250 милиони луѓе, односно повеќе од 70.000 раселени дневно“, се наведува во извештајот.
Агенцијата зборува за маѓепсаниот круг на судирите и климатските кризи.
Три четвртини од луѓето се раселуваат поради судири, живеат во земји кои се посебно чувствителни на последиците на климатските промени.
УНХЦР ги наведува, меѓу останатото, поплавите во Јужен Судан и во Бразил, рекордните високи температури во Кенија и во Пакиста како и недостигот на вода во Чад и Етиопија.
„Слабите и со судири погодени земји кои примаат бегалци добиваат само четвртина од климатските финансирања што им се потребни, додека повеќето од глобалното финансирање никогаш не доаѓа во раселените заедници или кај нивните домаќини“.
И покрај предизвиците, УНХЦР нагласува дека решенија се можни. Раселените и заедниците на домаќините би можеле да бидат моќни агенти на отпорност, но само ако се вклучени во националните планови за клима, поддржани преку целни вложувања и ако им се даде глас во одлуките кои влијаат на нивната иднина. Па, сепак, повеќето национални планови за клима и понатаму ги запоставуваат бегалците и другите раселени лица, како и заедниците кои ги вдомуваат.
Уште се наведува дека 1,2 милиони бегалци се вратиле дома во почетокот на 2025 година, половината во подрачја чувствителни на климатските промени.
До 2040 година, бројот на земји кои се соочуваат со ектремни климатски опасности би можел да се зголеми од 3 на 65, пишува на веб-страницата на УНХЦР.











