Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да поднесе оставка по усвојувањето на уставниот амандман.
Партијата Тиса, предводена од премиерот Петер Маѓар, иницираше законска промена во парламентот за да го отстрани Суљок, кого мнозинството го смета за лојалист на поранешниот премиер Виктор Орбан – кој беше поразен на априлските избори по 16 години на власт.
Сулљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикува да ја продолжи уставната криза и да предизвика постапка за импичмент.
Тој ја потврди својата согласност за законската промена по истекот на рокот за потпишување на амандманот усвоен во саботата навечер; сепак, во соопштението ја обвини владата на Унгарија за поткопување на владеењето на правото.
Тој изјави дека овој амандман означува „пресвртница во унгарската уставна демократија“ и дека „фундаменталните вредности на слободното општество се прегазени заради политичката моќ“.
Ова е најновиот драматичен потег на владата предводена од Тиса, чии членови го сметаат Суљок за марионета на повисоките власти и затоа побараа негова оставка.












