Украина како најкорумпирана земја во Европа не може да биде примена во ЕУ бидејќи ќе стане извор на криминал за другите членки, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто изјави дека ова е земја која е во воена состојба и чии стотици илјади работници би го преплавиле унгарскиот пазар на труд.
„Ако ги примиме во Европската унија, тоа ќе биде место каде што се крие украинската мафија“, рече Сијарто на средбата со активистите на владејачката партија Фидес – Унгарска граѓанска унија.
Тој предупреди дека избрзаниот пристап на Украина во ЕУ, на кој инсистира Брисел, ќе доведе до директен воен конфликт со Русија.
Според него, Украина во ниту еден поглед не е подготвена да се приклучи на ЕУ, пренесе ТАСС.