Унгарија и Словачка го блокираа усвојувањето на 18-тиот пакет санкции против Русија

83
epa10360660 A European flag flies in front of the European Commission headquarters in Brussels, Belgium, 11 December 2022. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарија и Словачка го блокираа усвојувањето на 18-тиот пакет санкции против Русија и ја условија својата согласност со отфрлање на планот за забрана на членките на ЕУ да купуваат руски гас и нафта, пренесува „Бета“.

По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја и Словачка го блокирале новиот пакет санкции бидејќи неговото усвојување би ја поткопало енергетската безбедност на Унгарија и би ја прекршило одлуката на Европскиот совет со која тие земји се ослободени од забраната за увоз на руска нафта, објави „Политико“.

Европската комисија минатата недела предложи нов пакет санкции, кој предвидува постепено укинување на купувањето руска енергија до 2027 година, со некои исклучоци.

Сијарто денес изјави дека Будимпешта и Братислава сакаат таа одредба да биде отстранета, бидејќи е услов за усвојување на 18-тиот пакет санкции.

Ова не е прв пат унгарската влада да се закани со вето на усвојувањето на санкциите против Русија, но премиерот Виктор Орбан секој пат се повлекуваше, понекогаш со одредени отстапки.

Висок дипломат на ЕУ изјави за „Политико“ дека „денешната позиција не ја толкува како вето“ бидејќи разговорите ќе продолжат.

„Се надевам дека денешните разговори ќе го отворат патот за сериозен договор на состанокот на Европскиот совет во четврток“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ