Политичкиот советник и шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Балаж Орбан објави нова фотографија по средбата меѓу Трамп и Орбан во Белата куќа, а со неа испрати и индиректна порака до другите европски лидери.
Имено, Орбан објави колаж од две фотографии, од кои на едната е прикажан унгарскиот премиер како седи на иста маса во друштво на американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс.
Втората фотографија ја прикажува неодамнешната средба на Трамп со европските лидери во Белата куќа, каде што може да се видат како седат на столчиња спроти него.
A picture says more than a thousand words. 🇭🇺🤝🇺🇸 pic.twitter.com/37jpTKF3u2
— Balázs Orbán (@BalazsOrban_HU) November 9, 2025
„Фотографија што говори повеќе од илјада зборови“, напиша Балаж Орбан.
Неговата објава ја коментираше и специјалниот пратеник на рускиот претседател Кирил Дмитриев, кој им даде поддршка на Унгарците.
„Да, и две фотографии зборуваат повеќе од 2.000 зборови“, додаде Дмитриев.
Инаку, Виктор Орбан изјави дека Унгарија обезбедила договор со Вашингтон за „финансиски штит“ за заштита на нејзината економија и јавни финансии.
„Исто така, постигнав договор со претседателот на САД за финансискиот штит.
Доколку има какви било надворешни напади врз Унгарија или нејзиниот финансиски систем, Американците дале збор дека во таков случај ќе ја бранат финансиската стабилност на Унгарија“, им рече Орбан на новинарите во авионот на враќање од разговорите, во видео објавено од порталот index.hu во неделата.












