четврток, јануари 22, 2026
Дома СКОПСКА Унапредени условите во салата „Независна Македонија“

Унапредени условите во салата „Независна Македонија“

23

Во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите за спортување во него.

Од Општина Кисела Вода информираа дека во рамки на извршените активности биле набавени и монтирани нови ЛЕД-рефлектори со моќност од 200W и 400W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено осветлувањето во салата.

Оттаму велат дека дополнително била извршена замена на сигурносните вентили за висок притисок на топловодната инсталација, а зајакната била и покривната конструкција.

Сите зафати биле реализирани согласно со актуелните потреби и важечките стандарди, со јасен фокус на безбедноста и подобрување на условите за учениците и корисниците на салата.

– Унапредувањето на спортската инфраструктура е наша обврска, но и искрена желба. Со овие инвестиции обезбедуваме побезбедни и поквалитетни услови за спорт и физичка активност на нашите деца. Верувам дека вложувањето во вакви објекти директно придонесува за здрав развој, спортски дух и позитивни навики кај младите. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање подобри услови за образование, спорт и развој на младите генерации – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ