Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата на икони „Уметниците во чест на св. Никола“. На изложбата се претставени икони од македонски уметници, а во чест на патрониот празник на Прилеп.
Годинава на изложбата со икони се претставуваат еминентните творци: Славица Михаилова, чии дела се наоѓаат во приватни колекции во светот; Дејан Макаријоски, работи во техниката фрескосликарство и икони; Николче Српчански, уметник, реставратор, иконописец; Васко Ѓоргиев, уметник и иконограф, ангажиран како уметнички соработник во Бигорскиот манастир и има реализирано циклуси на сакрално сликарство во Преспанско-пелагониската и во Дебарско-кичевската епархија, како и ателјето „Теракотни икони Серафим“, уникатно уметничко студио специјализирано за изработка на икони, орнаментални, како и на фигуративни релјефни претстави од православната христијанска традиција.
Изложбата ја отвори м-р Каролина Мицевска.












