Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија, „Бушава азбука“. Благодарност до уметниците Драган Китановски- Драш и Мирослав Грчев-Микс за трудот.
-Една од нашите континуирани заложби е да го разубавуваме јавниот простор преку уметноста, како што прават многу светски метрополи. Овој мурал нè потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично ќе започне и одбележувањето на четири децении „Бушава азбука“, проект што има трајна вредност во македонската култура.