Маратонецот Антонио Пандовски на Фејсбук објави дека на 16 март 2026 ќе се органзира ултрамаратонска трка во должина од 63 километри, на патека Свети Николе – Штип – Облешево – Кочани посветена на загинатите во трагедијата во „Пулс“ во Кочани.
Во објавата на групата на Фејсбук се наведува:
Свети Николе → Штип → Облешево → Кочани
63 километри посветени на загинатите од Кочани.
63 километри што ќе ги поминам со тишина во срцето и со почит во секој чекор.
Што претставува овој настан?
Ова не е спортски предизвик – ова е патека на сеќавање.
Со трчање низ четири града, ќе го одбележам патот што симболично ги поврзува приказните, спомените и животите кои повеќе не се меѓу нас, но остануваат со нас.
Рута
Старт: Свети Николе
Штип
Облешево
Финиш: Кочани – момент на тишина и почит
Цел
– Да им се оддаде чест на загинатите
– Да остане споменот жив
– Да се сплоти заедницата во достоинствен чин
Приклучување
Секој кој сака може да се приклучи:
– На дел од рутата
– На последните километри кон Кочани
– На финишот, со тивка поддршка
Поддршка и организација
Сите институции, компании и поединци кои сакаат да помогнат во логистика, безбедност, вода или медиумска поддршка – добредојдени се да се вклучат.












