Улиците околу центарот утре затворени за сообраќај 

48

Поради подготовките за „Тиквешки гроздобер 2025 – Кавадарци“, од утре сите улици околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила, информираа денеска од Општина Кавадарци.

Оттаму појаснуваат дека поголемите настани од културно-уметничка, едукативна и забавна програма ќе опфатат повеќе локации од градот.

– Предвидено е дел од настаните да траат и до еден часот по полноќ, а поради подготовките, уште од денеска, улиците околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила – потенцираат од локалната самоуправа.

Оттаму изразуваат надеж за разбирање и поддршка на настаните што следуваат. Посакаа овој „Тиквешки гроздобер“ да биде уште една убава приказна под отворено небо.

Традиционалната манифестација во Кавадарци ќе се одржи на 5, 6 и на 7 септември. Покрај традиционалниот тиквешки карневал, богатата музичка програма, моторелито, таблијадата и други настани, планирани се и „Гроздоберска трпеза“ и „Тајна дегустација на вино“.

 

ИЗДВОЕНИ