Во рамки на проектот за унапредување на патната инфраструктура, на улицата „Волковска“ во Општина Ѓорче Петров ќе се вршат градежни активности за вградување на завршен асфалтен слој.
Од Општина Ѓорче Петров информираат дека работите ќе започнат утре од 01:00 часот по полноќ, и ќе траат најдоцна до недела до 09:00 часот. Во наведениот период, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Како резултат на затворањето, автобуската линија со бројот 22 ќе сообраќа до „Блага Вода“ согласно со возниот ред на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, а од „Блага Вода“ до последната автобуска станица на 22, во двата правци, превозот ќе биде организиран со комбиња.
-Оваа активност е дел од напорите за зголемување на безбедноста и флуидноста на сообраќајот во овој дел од градот, со што ќе се овозможат подобри услови за движење на сите учесници во сообраќајот – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање и ги повикуваат да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и насоките од надлежните служби за време на изведбата на градежните работи.