сабота, јули 18, 2026
Дома СКОПСКА Улицата „Лисец“ добива нов изглед

Улицата „Лисец“ добива нов изглед

56

По долг период, улицата „Лисец“  во Горно Лисиче“, која е важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед.

Станува збор за кракот десно на оваа улица, со чија реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и условите за секојдневно функционирање на жителите. Во рамките на проектот се поставува нов асфалт, се градат нови тротоари, а целиот потег добива уреден и модерен лик.

–Со проектот се реализира: целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри, се поставува нов тампонски слој и нов асфалт на површина од над 3.300 квадратни метри, а се градат и нови тротоари со површина од 1.400 квадратни метри – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека паралелно и согласно со предвидената динамика, се реализираат и активностите на улица „Лисец“ (крак лево), со што, како што се наведува целиот овој дел од Горно Лисиче добива уреден, безбеден и современ изглед.

Вредноста на проектот е околу 16,5 милиони денари и се реализира со поддршка од Владата.

ИЗДВОЕНИ