Општина Центар соопшти дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ ги отстраниле двете дрва кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“.
Благодарение на нивната брза реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, соопшти Општината.
Претходно, Општината соопшти дека улицата нема да биде проодна за возила додека не завршат активностите за собирање на остатоците од дрвата.
ФОТОВЕСТ: Паднати дрвја на улицата пред училиштето „Киро Глигоров“












