Целосно e реконструирана улицата „Дебарска“. Од Општина Кисела Вода известуваат дека оваа фреквентна улица со години била во многу лоша состојба и претставувала ризик за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а сега има сосема нов изглед.
– За дополнителна сигурност поставивме и забавувачи на брзината, со што создаваме побезбедна средина за сите. Со ваквите проекти целосно го менуваме ликот на Кисела Вода. Ова е уште еден доказ дека нашата стратегија за целосна обнова на инфраструктурата не е само бледо ветување – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.