петок, јануари 16, 2026
Дома СКОПСКА Улицата „Дебарца“ ќе добие нов лик

Улицата „Дебарца“ ќе добие нов лик

219

Реконструкцијата на улицата „Дебарца“ во Општина Центар влегува во завршна фаза.

Градоначалникот Горан Герасимовски информираше дека е поставен нов асфалтен слој на коловозот, а во тек е финалното уредување и приспособување на тротоарите.

-Сообраќајот на улицата „Дебарца“ ќе се врати во нормала многу скоро. Улицата добива нов лик, а со тоа овозможуваме побезбедно и покомотно движење за сите што живеат и се движат тука – изјави Герасимовски.

Се работи за потег долг 220 метри, каде што е обновена коловозна површина од 1.700 квадратни метри, а тротоарот се реконструира на површина од 1.000 квадратни метри.

Овој зафат е дел од поширокиот проект за унапредување на уличната инфраструктура во Центар, кој се реализира со поддршка од Владата во износ од 40 милиони денари, распределени за улиците: „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“.

 

ИЗДВОЕНИ