Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, на 10 јули со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија со наслов „Street life“ (Уличен живот) од Виктор Трајковски.
Виктор Трајковски (роден 1977 г., во Минстер, Германија) е фотограф што живее во Куманово. Повеќе од десет години ѝ е посветен на уличната фотографија, истражувајќи ги човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори. Има учествувано на групни изложби организирани од фото-киноклубот „Козјак“ во Куманово и има освоено бројни награди на меѓународни и на национални фотографски изложби. Негова главна инспирација е Алекс Веб, особено неговата употреба на боја, композиција и слоевитост во уличната фотографија. Виктор продолжува да создава со длабока страст за секојдневниот живот и уметноста скриена во него. Активен член е на фотоклубот „Куманово“.
Изложбата ќе може да се види до 24 јули.