Руската противвоздушна одбрана собори 20 украински дронови во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека над Курската област се соборени 14 дронови, а по едно над териториите на Белгородската, Брјанската, Орјолската и Смоленската област, објави РИА Новости.
Шефот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави дека дрон на украинските вооружени сили удрил во станбена зграда во Красногорск, по што станот на 17-ти кат се запалил и дека две лица се повредени.
Украинската војска пак, соопшти дека нејзините сили нападнале и запалиле складиште за нафта во јужниот руски Ростовски регион, додека руските власти пријавија пожар во станбена зграда во близина на Москва предизвикан од украински дрон.
Генералштабот на украинската војска соопшти дека единиците за специјални операции на армијата, во соработка со ракетните сили и артилеријата, ја погодиле фабриката „Атлас“ во Ростовскиот регион, недалеку од источната граница на Украина.