
Украински беспилотни летала денес го нападнаа Санкт Петербург, поради што аеродромот Пулково беше затворен пет часа“.
Рускиот претседател Владимир Путин денес пристигна во Санкт Петербург, по повод Денот на морнарицата, чие свечено одбележување беше откажано од безбедносни причини.
Путин, во Командата на морнарицата, ги следеше маневрите во кои учествуваа повеќе од 150 бродови и 15.000 луѓе во Тихиот и Арктичкиот Океан и Балтичкото и Каспиското Море.
Го одбележуваме празникот во работна средина, со проверка на борбената готовност на флотата, рече Путин, пренесува „Ројтерс“.
Руското Министерство за одбрана објави дека денес се соборени повеќе од 290 украински беспилотни летала.
Во Ленинградската област, каде што се наоѓа Санкт Петербург, се соборени 10 беспилотни летала.