Украинската премиерка објави снимка: Погледнете како изгледа зградата на владата во Киев по рускиот напад/ВИДЕО

516

Украинската премиерка Јулија Свириденко објави видео на кое се гледа штетата на зградата на Владата на Украина, која беше нападната од руската армија на 7 септември.

Свириденко рече дека никој не е повреден и дека пожарот предизвикан од нападот е изгаснат.

Таа додаде дека штетата нема да го наруши функционирањето на владата.

„Го повикувам светот да го претвори гневот поради руските злосторства во конкретна поддршка за Украина. Не за ѕидовите на оваа зграда, туку за да ги заштитиме нашите луѓе и заедници низ целата земја“, рече таа.

Таа додава дека на Украина ѝ е потребна посилна воздушна одбрана, повеќе системи и повеќе муниција, со цел да ги заштити градовите и енергетскиот систем.

„Ни требаат санкции што ќе го лишат агресорот од приходи од нафта и гас, токму ресурсите што го финансираат неговиот терор“, заклучи таа.

ИЗДВОЕНИ