Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека убиецот на младата девојка од Украина треба да добие единствена можна казна – смртна казна.
Украинката Ирина Заруцка (23) беше убиена во август во воз во американската држава Северна Каролина, а Министерството за правда на САД го обвини ДеКарлос Браун (34) за нејзината смрт.
„Ѕверот кој толку брутално уби убава млада Украинка, која дојде во Америка барајќи мир и безбедност, треба да добие „брзо“ судење и единствена можна казна – смртна казна“, напиша Трамп на социјалната платформа Truth.
Како што истакна, нема друга опција.
Браун веќе се соочува со обвинение за убиство од прв степен на државно ниво, објави Ројтерс.
Иако

и државните и федералните обвиненија носат смртна казна, Северна Каролина не извршила смртна казна од 2006 година, наведува агенцијата.
Убиството го привлече вниманието на јавноста откако се појави видео на кое Браун ја прободува Заруцка повеќе пати додека седела во воз.
Трамп и конзервативците тврдат дека случајот дека е резултат на тоа што демократските градови се премногу благи кон криминалците, додека властите во Шарлот и Северна Каролина побараа построги закони и повеќе полиција.
Браун има долга историја на апсења и проблеми со менталното здравје, вклучително и дијагноза шизофренија.
По апсењето му беше наредено да се подложи на 60-дневна психијатриска евалуација.
Заруцка емигрирала во Соединетите Држави во 2022 година, бегајќи од војната во Украина.
Семејството на жртвата ја опиша Ирина како талентирана уметница и посветена членка на семејството, која избегала од војната во Украина и брзо се прилагодила на животот во Соединетите Американски Држави.