Италијанската полиција уапси Украинец осомничен за координирање на напад врз гасоводот „Северен тек“ во септември 2022 година, изјави денес главниот германски обвинител, додавајќи дека тој ќе биде изведен пред германски судија откако ќе биде префрлен во земјата.
Експлозиите беа сметани и од Русија и од Западот како чин на саботажа, а никој никогаш не ја презеде одговорноста за тешката штета на гасоводот што носи гас од Русија до Европа, што означи голема ескалација на конфликтот во Украина и влошување на кризата со снабдувањето со енергија на континентот.
Осомничениот, идентификуван само како Серхиј К. според германските закони за приватност, бил дел од група луѓе кои поставиле експлозивни направи на гасоводот во близина на данскиот остров Борнхолм во септември 2022 година, соопштија обвинителите во соопштение, пренесе Индекс.
Серхиј бил еден од координаторите на операцијата за саботажа.
Експлозијата се случи на 22 септември 2022 година. Северен тек 1 и 2 се два од 23-те гасоводи меѓу Русија и Европа. Протекувањата се случија во меѓународни води, а проценатата штета тогаш се движеше на околу 400 милиони евра.