Украинскиот пепрезентативец во скелетон, Владислав Хераскевич, им се заблагодари на сите за, како што рече, огромната поддршка што ја добива во овој момент.

Имено, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) му забрани на Хераскевич да носи кацига со фотографии од своите сонародници убиени во текот на руската инвазија врз Украина и откако не го почитуваше тоа, доби забрана за настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

  • Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја добиваме. Навистина е неверојатна, рече Хераскевич.

Тој нагласи дека жртвата на луѓето прикажани на неговата кацига му значат повеќе од кој било медал, нагласувајќи дека тие го дале највредното нешто што го имале.

  • За мене, жртвата на луѓето прикажани на кацигата значи повеќе од кој било медал – затоа што тие го дале највредното нешто што го имале. Сè што сакам да направам е да им покажам едноставно почитување, заклучи Хераскевич.

Хераскевич истакна дека многу од оние чии имиња и лица се на неговата кацига биле спортисти, вклучувајќи ја тинејџерката кревачка на тегови Алина Перегудова, боксерот Павло Ишченко и хокеарот Олексиј Логинов.

Според него, некои од нив биле негови блиски пријатели.

ИЗДВОЕНИ