Украинците случајно убија пет елитни руски нуркачи

165

Морски дрон управуван од украинската воена разузнавачка служба експлодираше откако го изгуби контактот со централната контрола. Руските воени нуркачи кои се обидоа да го запленат беа убиени за време на операцијата, објави „Киев Индепендент“.

За време на операцијата во Новоросијскиот Залив, морски дрон изгуби контакт со контролниот центар поради блокирање на сигналот и почна да лебди. Руската команда им нареди на пет нуркачи да го извлечат дронот за инспекција. Украинското воено разузнавање вели дека станува збор за елитна единица која поминува низ највисоко ниво на обука и користи напредна опрема, објави „Киев Индепендент“.

„За време на операцијата на украинскиот морски дрон, се случи детонација, а експлозијата резултираше со елиминација на сите пет елитни руски воени нуркачи“, се вели во соопштението на украинската воена разузнавачка агенција.

Точниот термин на операцијата е непознат. Новоросијск стана главна база на руската Црноморска флота откако успешните напади на Украина врз Крим ја принудија Москва да ги повлече поголемиот дел од своите поморски сили од полуостровот.

ХУР додаде во соопштение дека на 20 август извршила напад врз руски патролен брод во Црното Море, при што биле убиени пет члена на екипажот.

ИЗДВОЕНИ