Украинците ја слават Меланија: „Агентка Трампенко“/ФОТО

125
EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го менува својот став кон Русија, Украинците ги преплавија социјалните мрежи со мемиња и пораки за поддршка – не за него, туку за неговата сопруга, Меланија Трамп. Многумина веруваат дека поранешната манекенка од Словенија е одговорна за ненадејната промена на реториката на Трамп кон Москва.

Како што објавува Index.hr, зборувајќи во Белата куќа за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп рече дека неговата сопруга му ги отворила очите кон рускиот претседател Владимир Путин.

„Разговорот со Путин е секогаш многу пријатен. Велам, не беше ли тоа одличен разговор? А потоа вечерта – ракети“, рече Трамп. „Се враќам дома и ѝ велам на првата дама: „Денес разговарав со Владимир. Имавме одличен разговор.“ И таа вели: „Навистина? Уште еден град штотуку беше погоден.“

По изјавата на Трамп во Овалната соба, на социјалните мрежи се појавија стотици мемиња во кои се фали Меланија. Најпопуларната е прикажана како „агентка Меланија Трампенко“, со лице полузасенчено и голема шапка, наводно работејќи тајно од Белата куќа – во корист на Киев.

ИЗДВОЕНИ