Украина воведува санкции врз странски производители на компоненти за руски дронови и ракети што се користат против Украина.
„Производството на ова оружје би било невозможно без клучни странски компоненти, кои Русите продолжуваат да ги добиваат со заобиколување на санкциите. Против таквите компании воведуваме нови санкции – врз добавувачи на компоненти, како и врз производители на ракети и дронови“, напиша претседателот Володимир Зеленски на „Икс“, пренесе „Бета“.
Тој изјави дека потпишал и декрет со кој се воведуваат санкции врз рускиот финансиски сектор.
„Листата ги вклучува компаниите преку кои се вршат плаќања за испорака на компоненти што се користат во производството на руски ракети и дронови. Санкции се воведени и врз агенциите што го поддржуваат рускиот крипто пазар и рударството на криптовалути. Некои од овие одлуки ќе бидат вклучени во 20-тиот пакет санкции на Европската Унија, кој веќе е во последна фаза“, додаде тој.












