Украина тврди: Со британски ракети погодивме голема руска рафинерија за нафта

67
screenshot X

Украинските претставници тврдат дека нивните сили погодиле голема руска рафинерија за нафта со британски ракети „Сторм Шедоу“, објави во четврток „Скај њуз“.

Според украинските претставници, оваа рафинерија е еден од најголемите добавувачи на нафтени производи во јужна Русија и ги задоволува потребите на армијата.

Генералштабот на украинската армија објави дека британските ракети предизвикале повеќекратни експлозии во рафинеријата Новошахтинск во Ростов.

Велика Британија минатата година ѝ дозволи на Украина да користи ракети „Сторм Шедоу“ за напади на руска територија, потсетува „Скај њуз“.

Во исто време, украинските претставници изјавија дека беспилотни летала со долг дострел произведени во земјата погодиле танкери за нафта во руското пристаниште Темрјук во регионот Краснодар, како и фабрика за преработка на гас во Оренбург.

Фабриката во Оренбург е најголема од ваков вид и се наоѓа на околу 1.400 километри од границата со Украина.

Руските претставници во Краснодар изјавија дека два танкери се запалиле откако биле погодени од дрон, додавајќи дека пожарот се проширил на околу 2.000 квадратни метри.

И Киев и Москва ги засилија нападите врз енергетските објекти во последните месеци, потсетува „Скај њуз“.

ИЗДВОЕНИ