Украина со дрон запали руско складиште за нафта – можна евакуација на блиските населби

38
Фото:википедија

Украина употреби дрон за да запали складиште за нафта во Октјабрскиот округ, во јужниот дел на рускиот Волгоградски регион, соопштија регионалните власти.

Гувернерот Андреј Бочаров во објава на „Телеграм“ изјави дека засега нема извештаи за жртви, но дека блиските населби би можеле да бидат евакуирани.

Украина интензивно ја таргетира руската енергетска инфраструктура во последните месеци, со цел да ја ослабне способноста на Москва да финансира воена операција против Киев.

Руското Министерство за одбрана утрово објави дека воздушната одбрана соборила 67 украински дронови, пренесува „Ројтерс“, објави „Бета“.

ИЗДВОЕНИ