Украина се согласи со предлогот за мировен договор, тврди американски функционер

81
EPA/MARTIAL TREZZINI

Висок американски функционер потврди за ABC дека украинската делегација постигнала договор со нив за условите на потенцијален мировен договор. Тој рече дека тоа е најзначајниот пробив во мировниот процес од почетокот на војната.

Секретарот на армијата на САД, Ден Дрискол, вчера во Абу Даби разговараше со руската делегација, по разговорите во Женева меѓу претставниците на САД и Украина. Целта беше да се забрза напредокот во новата мировна иницијатива предводена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

– Украинците се согласија на мировен договор. Останува да се решат неколку мали детали, но тие го прифатија договорот во принцип – рече американскиот функционер.

Портпаролот на американската војска, Џефри Толбер, изјави дека разговорите со руските претставници се интензивирале.

– Во понеделник вечерта и во текот на вторник, секретарот Дрискол и неговиот тим беа во разговори со руската делегација за постигнување траен мир во Украина. Разговорите одат добро и ние остануваме оптимисти. Секретарот Дрискол е во постојана координација со Белата куќа и надлежните институции додека преговорите продолжуваат – рече Толберт.

Американската страна презентираше ревидиран мировен план за Украина во Женева, кој е скратен од 28 на 19 точки. Деловите за амнестија за воени злосторства и предлозите за ограничување на идната големина на украинската армија се отстранети. Володимир Зеленски рече дека е завршена многу работа, но дека деталите сè уште треба да се прецизираат.

Во исто време, Москва тврди дека не е информирана за промените во планот, што дополнително создава неизвесност околу продолжувањето на преговорите.

По состаноците во Женева, Марко Рубио се врати во САД, додека Дрискол отпатува во Абу Даби на разговори со руски претставници за понатамошни измени на предлогот.

ИЗДВОЕНИ