Украина призна дека стои зад нападот во Москва во кој загинаа полицајци: Мачеа украински заробеници

417

Руските медиуми ги објавија идентитетите на загинатите полицајци во експлозијата што вчера се случи во Москва. Тоа се Илја Климанов (24) и Максим Горбунов (25). Горбунов зад себе оставил сопруга и деветмесечнат ќерка.

Извори од Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) потврдија за Киев Пост дека агенцијата била вклучена во нападот. Изворите наведоа дека двајцата убиени полицајци учествувале во руската инвазија на Украина и мачеле украински воени заробеници.

Александар, жител на тој дел од градот, за Ројтерс изјави дека слушнал силна експлозија.

-Имаше експлозија. Беше силен тресок, исто како и со автомобилот пред неколку дена, рече тој.

Оваа експлозија се случи недалеку од местото каде што високиот руски генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во понеделник.

Русија претходно објави дека постои сомневање дека Украина е одговорна за експлозијата во која загина Сарваров, но Украина сè уште не коментираше за нејзината можна вмешаност во неговата смрт.

Не е познато дали двата напада се поврзани. Сарваров (56) беше началник на одделот за оперативна обука во руските вооружени сили. Тој беше третиот воен функционер што загина во бомбашки напади во руската престолнина во изминатата година.

ИЗДВОЕНИ