Украина подготвува закон за избори во воено време

26
epa12475704 Ukrainian President Volodymyr Zelensky holds a press conference following the Euro Summit in Brussels, Belgium, 23 October 2025. European Union leaders convened in Brussels to discuss the situation in Ukraine, European defence, developments in the Middle East, competitiveness, housing, and migration. EPA/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им наложи на пратениците да подготват правна рамка за одржување избори во текот на воена состојба. Сепак, оваа иницијатива не значи подготовка за претстојното гласање, туку одговор на забелешката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека во Украина не се одржани избори долго време, објавија украинските медиуми.

Според извори од украинската Влада, целта на овој потег е да им се покаже на меѓународните партнери подготвеност за демократски процеси, и покрај руската агресија. Се нагласува дека одржувањето какви било избори е можно само доколку се создадат соодветни безбедносни услови. Ова подразбира значително намалување на нивото на непријателствата, односно прекин на руското гранатирање и на другите воени активности со цел заштита на гласачите и на изборниот процес.

Украина во моментов нема закони што дозволуваат избори во воено време, но украинскиот парламент, Врховната рада, изрази подготвеност да ги подготви сите потребни документи.

ИЗДВОЕНИ