Украина планира да ги замени копејките: „Конечно, да ја отстраниме секоја врска со Москва“

115

Украина планира да ги замени своите монети копејки за да се ослободи од долгогодишното влијание на Москва, изјави гувернерот на Украинската централна банка, Андриј Пишни, додавајќи дека се надева дека промената би можела да биде завршена оваа година.

Украина воведе сопствена валута, гривна, во 1996 година, пет години по стекнувањето независност од Советскиот Сојуз, и коваше свои монети, но го задржа поранешното советско име за нив – копеjки.

Новите монети, кои ќе го носат името „шах“, ќе го означат најновото оддалечување на Украина од Русија, соопшти агенцијата.

„Конечно, треба да ја завршиме… монетарната реформа и да отстраниме каква било врска, каква било врска со Москва. Бидејќи го имаме нашето име. И време е конечно да го вратиме“, рече Пишњи во интервју за Ројтерс.

Украинскиот парламент подготвува дебата за нацрт-законот за замена на монетите, а централната банка организира јавни дискусии, изложби и други настани за да ја подигне свеста за предлогот.

Украинците, особено помладата генерација, ја откриваат повторно својата национална историја и идентитет, додава агенцијата.

Резултатите од анкетата спроведена во септември од страна на Меѓународниот институт за социологија во Киев покажаа дека околу 91 процент од Украинците имаат негативен став кон Русија, додека само четири проценти имаат позитивен стан.

ИЗДВОЕНИ