понеделник, февруари 16, 2026
Дома БАЛКАН Украина оваа година ќе увезува гас од Грција

Украина оваа година ќе увезува гас од Грција

72

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги задоволи своите зимски потреби, објави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски откако гасната инфраструктура на земјата беше постојано напаѓана од руската војска.

Москва најчесто ги бомбардира украинските гасни капацитети од почетокот на војната во февруари 2022 година, со што во октомври беа запрени околу 60 проценти од главниот извор на производство на греење во земјата.

„Веќе подготвивме договор со Грција за снабдување со гас на Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Тој прецизираше дека Киев склучил и финансиски договори за покривање на „скоро две милијарди евра“ увоз на гас, наменет за компензација на загубите во производството поради руските напади.

Покрај своите европски и американски сојузници, Зеленски рече дека Киев соработува и со Азербејџан, со кого се надева дека ќе „потпише долгорочни договори“ за увоз на гас.

Зеленски во неделата ја започна својата официјална посета на Грција, по што ќе отпатува во Франција и Шпанија.

Војната минатата зима го преполови производството на гас во Украина, според податоците на Владата во Киев.

ИЗДВОЕНИ