Украинa ноќеска ги нападна нуклеарната централа Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област во масовни напади со беспилотни летала врз неколку руски енергетски објекти, потврдија руските власти.
Во нападот врз нуклеарната централа во Курск, недалеку од границата со Украина, оштетен е помошниот трансформатор, што доведе до намалување на оперативниот капацитет за 50 проценти, според официјални лица. Повредени нема, а пожарот што избувнал брзо бил изгаснат. Исто така, нивото на зрачење во објектот и околината не ги надминува дозволените граници, соопшти прес-службата на нуклеарната централа.
Пожар избувна и на терминалот на нафтената компанија „Новатек“ во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област како резултат на напад од украински беспилотни летала, објави раководителот на регионот Александар Дрозденко. Станува збор за огромен комплекс на Балтичкото Море за преработка и извоз на нафта и нафтени деривати на меѓународните пазари.