Украина нема да може сама да финансира избори и ќе ѝ требаат финансии од други земји, рече Михаил Подољак, советник во кабинетот на Володимир Зеленски.
„Не би требало да го финансираме ова. Објективно, не можеме тоа да си го дозволиме, бидејќи имаме буџетски дефицит“, изјави Подољак во интевју за Јутјуб каналот26 „Новости лајв“.
Според него, буџетот на Украина има и други приоритетни расходи, вклучувајќи и милитаризација.
Овластувањата на претседателот Зеленски официјално истекоа на 20 мај во 2024 година, но Киев не одржа редовни избори, тврдејќи дека е невозможно, бидејќи земјата и натаму е под вонредна состојба.
Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е вистинско време за избори. Зеленски подоцна побара од Европа и САД да обезбедат безбедносни гаранции за процесот.
Рускиот претседател Владимир Путин на 19 декември во емисијата „Резултати од годината“ изјави дека Русија е подготвена да размисли за запирање на ударите длабоко во Украина на денот на гласањето доколку таму се одржат избори. Тој, исто така, истакна дека помеѓу пет и десет милиони Украинци што живеат во Русија треба да имаат право да гласаат на украинските избори.












