Украина: Најмалку 1.000 Кубанци се борат на страната на Русија

34

Најмалку 1.076 кубански државјани се борат или се бореле на страната на Русија во Украина, а за 96 од нив се знае дека се мртви или исчезнати, откри Воената разузнавачка служба на Украина (ХУР), пишува „Киев индепендент“.
Претходно, САД објавија декласифицирани податоци во кои е детално опишана кубанската поддршка за руската инвазија, според која се проценува дека „од 1.000 до 5.000 Кубанци се борат во Украина“.

Според ХУР, регрутите минуваат само две недели обука во центарот за обука „Авангард“ во Московскиот Регион пред да бидат испратени на фронтовските линии. Според информациите, кубанските војници во Русија се намамени со ветување дека ќе бидат вработени со добри примања.

Кубанското Министерство за надворешни работи негираше каква било вмешаност во војната, тврдејќи дека САД изнесуваат „лажни обвинувања“.
Како што е познато, во руските воени редови во областа Курск имаше и илјадници војници од Северна Кореја.

ИЗДВОЕНИ