Украина може да ја гаѓа Москва: САД даде зелено светло за употреба на ракети со долг дострел

173
PA/SERGEY DOLZHENKO

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја укина клучната забрана за употреба на некои ракети со долг дострел што ѝ ги обезбедија на Украина западните сојузници, дозволувајќи му на Киев да ги засили нападите врз цели во Русија и да го зголеми притисокот врз Кремљ, соопштија американски официјални лица во среда.

„Волстрит џурнал“ објави дека одлуката на САД, која не беше објавена јавно, следеше по префрлањето на овластувањата за координирање на ваквите напади од американскиот секретар за војна Пит Хегсет на врвниот командант на американската Европска команда, генерал Алексис Гринкевич, кој исто така ги води здружените сили на НАТО во Европа.

Украина употреби британска крстосувачка ракета „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow) за да погоди руски објект во Брјанск кој произведуваше експлозиви и ракетно гориво во вторникот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на социјалните медиуми. Нападот беше опишан како „успешен удар“ што ја проби руската воздушна одбрана.

ИЗДВОЕНИ