
Украински суд за прв пат осуди руски војник на доживотна казна затвор за егзекуција на украински воен заробеник, објави денес Безбедносната служба на Украина (СБУ).
„Тоа е прва пресуда во историјата на Украина каде окупаторска сила е осудена на таква казна особено поради погубување на војник од одбранбените сили, се вели во соопштението на СБУ.
Обвинетиот, 27-гидишен руски државјанин по име Дмитриј Курашов, е обвинет дека на 6 јануари 2024 години пукал во и убил украински војник на кој му снемало муниција и се предал во близина на селото Пријунтне во делумно окупираната област Запорожје, на југот на Украина.
Курашов беше заробен од украинските сили истиот ден, заедно со четворица припадници на неговата единица, наведува СБУ.
Обвинетиот претходно бил затворен во Русија поради кражба пред да ѝ се придружи на војската во ноември 2023 година во замена за амнестија, наведоа украинските власти.
Прогласен е за виновен за „прекршување на законите и обичаите на војувањето и доброволно убиство“.
Од почетокот на руската инвазија на Украина пред повеќе од три ипол години, Москва и Киев редовно се обвинуваат меѓусебно за убивање на воени заробеници.











