Претседателот Володимир Зеленски денес ја потврди претходно најавената размена на воени затвореници со Русија, која треба да вклучува 1200 лица.
Зеленски напиша на платформата „Телеграм“ дека се уште се работи на списокот со имиња. Руските преговарачи го споменаа бројот од 1200 затвореници на 23 јули, за време на директните преговори со украинската страна во Истанбул.
По средбата со главниот украински преговарач Рустем Умеров, Зеленски рече дека размената ќе вклучува цивили, како и војници. Тој додаде дека се во тек подготовки за нова средба со руската страна, без да прецизира кога би можела да се одржи.
Украинскиот претседател кон крајот на јули објави дека вкупно 5.857 лица се репатрирани од почетокот на руската инвазија на Украина. Уште 555 лица беа ослободени независно од размените, објави новинската агенција ДПА.
Последната размена на затвореници се одржа во јули, со што се заклучи планот договорен во Истанбул на крајот на јуни, кој вклучуваше 1.200 лица од двете страни.