Украина ги отфрли тврдењата дека „се подготвени“ да прифатат демилитаризирана зона во Донбас

96
EPA/Chris J. Ratcliffe / POOL

Украина ги отфрли тврдењата на медиумите дека официјален Киев е „подготвен“ да се согласи на воспоставување демилитаризирана зона во Донбас, како дел од преговорите со САД и Русија.

Според францускиот „Ле Монд“, ова би било клучна отстапка како дел од ревидираниот американски мировен план, кој претседателот Володимир Зеленски му го достави на американскиот претседател Доналд Трамп, а кој наводно веќе е поддржан од европските претставници.

Сепак, како што објави РБЦ-Украина, Канцеларијата на претседателот на Украина вели дека ова е погрешно толкување.

Претседателскиот советник за комуникации Дмитро Литвин нагласи дека Киев не се обврзал на ништо и дека „Ле Монд“ погрешно ги цитира изјавите на главниот советник за преговори, Михајло Подољак.

Како што објасни Литвин, Подољак зборуваше за теоретската можност за разговори за различни модели на безбедносни аранжмани, но не и за согласноста на Украина за демилитаризирана зона.

„Дали Украина ќе се согласи на нешто или не, може да одлучи единствено највисокото политичко раководство или народот на Украина“, рече Литвин, потсетувајќи на претходната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека тој „нема ниту морално ниту законско право“ да се откаже од украинската територија без волјата на граѓаните.

Како што објави Вечерњи лист, „Ле Монд“ тврди дека Украина ја прифатила опцијата за повлекување на украинските и руските сили од двете страни на фронтот, како и воспоставување меѓународна мисија за следење на демилитаризираната зона.

ИЗДВОЕНИ