Условите за Украина се влошуваат секој ден, а доколку одбие мирно решение, ќе остане без Одеса, Суми, Харков и голем број други територии, изјави денес шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов.

Тој изјави за ТАСС дека секој ден кога дипломатското решение на овој конфликт се одложува, ги влошува условите за Украина.

Картаполов коментираше за претходната изјава на економистот и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, кој изјави дека Киев ризикува да го изгуби целиот брег на Црното Море, вклучувајќи ја и Одеса, и рече дека е „искусна личност, компетентна, која може правилно да предвиди одредени настани“.

Според рускиот функционер, можно е со избегнување на преговорите, Украина „да остане без Запорожје, и без Дњепропетровск, и без Суми, и без Харков, и без Одеса и Николаев“.

 

ИЗДВОЕНИ