Украденo оружје од објект на „Паркови и зеленило“ во Карпош

58

Украдено е оружје од сеф од барака на јавното претпријатие „Паркови и зелено“ на подрачјето на општина Карпош.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека тешката кражба била пријавена во СВР Скопје.

-На 5 јануари 2026 година околу 9 часот, од јавното претпријатие било пријавено дека во периодот од 2 до 5 јануари 2026 година, во барака на подрачјето на општина Карпош, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба. При провалата, од сеф биле одземени неколку парчиња огнено оружје, кое било користено од Службата за обезбедување на јавното претпријатие – соопштија од МВР.

Отааму додаваат дека преземаат мерки и активности за целосно да го расчистат случајот и да ги фатат крадците.

 

ИЗДВОЕНИ